Лионел Меси успеа да постави нов рекорд во Лигата на шампионите, а го надмина својот голем конкурент во последните години Кристијано Роналдо. Аргентинецот постигна погодок во триумфот од 3:1 над Макаби Хаифа, а изрелскиот клуб е 39. тим против кого Меси ја тресел мрежата во ова натпреварување.
На овој начин тој го престигна Роналдо. Португалецот досега ја погодил мрежата на 38 екипи.

