Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека имал среќа да го освои Ју-ес опен, бидејќи Новак Ѓоковиќ не играл во Њујорк. Пред три дена Алкараз ја освои првата Грен слем титула во кариерата, во финалето на Ју-ес опен го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3-1 во сетови.
Младиот шпански тенисер во понеделникот го презеде првото место на АТП-листата. Ѓоковиќ го пропушти последниот Грен слем турнир во сезоната, бидејќи актуелните правила во САД не дозволуваат невакцинирани странци да влезат во земјата.

