Хамзат Чимаев, откако беше речиси 4 килограми претежок за да влезе во кафезот со Нејт Дијаз, доминираше против Кевин Холанд, стигнувајќи до победа по само две минути, додека Дијаз доминираше против уште еден ветеран Тони Фергусон во двата главни мечеви на УФЦ 279 во Лас Вегас.
Со ова се стави крај на фасцинантниот викенд во Лас Вегас, во кој Швеѓанецот со чеченско потекло, Чимаев беше анти-херојот, откако не успеа да ги симне потребните килограми за меч со Дијаз, а предизвика и неколку тепачки надвор од кафезот. Кога, конечно влезе во кафезот, тој покажа зошто го сметаат за нова УФЦ ѕвезда, по што врескаше во микрофонот кон публиката која го свиркаше.

