25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 12S Ultra“ - резултат на партнерството со „Leica“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Xiaomi 12S Ultra“ – резултат на партнерството со „Leica“ (ФОТО/ВИДЕО)

По неколкумесечни гласини дека кинескиот технолошки гигант „Xiaomi“ се насочува кон долгорочно партнерство со германска „Leica“, сега е факт. А резултатот од работата на двете компании е смартфонот „Xiaomi 12S Ultra“, кој во оваа фаза не планира да излезе на европскиот пазар.

Првото нешто што остава впечаток на моделот е големата плоча на задната страна на уредот, на која се наоѓа камерата. Смартфонот има 1-инчен сензор за камера „Sony IMX989“. Тој е надополнет со широкоаголна камера од 48 мегапиксели и телефото камера од 48 мегапиксели со петкратен оптички зум.

За да се справи со непријатниот сјај на фотографиите, „Xiaomi“ користеше леќа Leica Summicron 8P, која вклучува дополнителни филтри. Меѓу препознатливите способности на моделот е можноста за снимање на Dolby Vision HDR видео во 4K и FullHD резолуција.

Што се однесува до дизајнот, треба да напоменеме дека задниот дел е покриен со вештачка кожа, благодарение на што смартфонот не се лизга, ниту пак лесно се покрива со отпечатоци од прсти. Покрај тоа, уредот има IP68 сертификат за водоотпорност на куќиштето.

Чипот на кој се потпира 12S Ultra е Snapdragon 8+ Gen1, кој нуди подобрена енергетска ефикасност. Една од иновациите во овој модел е првиот 3D систем за ладење, што сугерира дека уредот издржува поголемо оптоварување, вклучително и игри, без прегревање.

Екранот е 6,73-инчен 2K LTPO 2.0 AMOLED и е заштитен со Gorilla Glass Victus. Има динамична стапка на освежување помеѓу 1 и 120 Hz.

„Xiaomi“ се одлучи за батерија со капацитет од 4.860 mAh, која поддржува жично полнење од 67 W и безжично полнење од 50 W.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП