недела, 10 декември 2023
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејан Станковиќ ќе го замени Симоне Инзаги на клупата на Интер?

Дејан Станковиќ ќе го замени Симоне Инзаги на клупата на Интер?

Досегашниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, би можел да биде новиот тренер на Интер, открива италијанскиот медиум „Тутоспорт“. Раководството на „нероаѕурите“ размислува за смена на Симоне Инзаги, откако Интер послабо од очекувањата ја стартуваше новата сезона.

Истиот извор наведува дека следните три натпревари на вицешампионот на Италија, против Торино и Удинезе во првенството и против Плзен во Лигата на шампионите, ќе ја одредат судбината на актуелниот стратег Симоне Инзаги, а токму Станковиќ е првиот кандидат за наследник.

Станковиќ во кариерата беше тренер само на Црвена Звезда со која освои три шампионски титули во Србија, но откако летово испадна во квалификациите за Лигата на шампионите, ги напушти „црвено-белите“.

Како фудбалер, Србинот остави длабока трага во Интер, за кој настапуваше од 2004 до 2013 година, беше миленик на навивачите и дел од легендарниот тим кој ја освои Лигата на шампионите во 2010 година под водство на Жозе Мурињо, заедно со Горан Пандев.

Интер влезе послабо во сезоната, а поразите од Лацио и од Милан веќе ги оддалечија „нероаѕурите“ од борбата за скудетото, а со тоа се создаде и притисок врз Симоне Инзаги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП