26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали вака ќе изгледа? Протекоа слики од новиот паметен часовник на Apple

Дали вака ќе изгледа? Протекоа слики од новиот паметен часовник на Apple

Само еден ден пред големиот настан на кој Apple требаше да ги претстави своите нови производи, протекувањето не престанува.

Ден пред големиот настан кога се очекува Apple да ги претстави своите нови уреди како новиот iPhone, новиот паметен часовник, но веројатно новите AirPods слушалки, протекувањето на интернет не престанува.

Овој пат тоа е новиот Apple Watch, кој многумина го нарекуваат Apple Watch Pro, но кој се уште не е официјално објавен.

Според сликата, чија валидност подоцна ја потврди Марк Гурман од Bloomberg, новиот часовник на Apple ќе изгледа нешто поразлично од претходникот, а ќе има уште едно дополнително копче кое многу корисници го бараа долго време.

Сликите покажуваат целосно рамен дисплеј и копче на левата страна под редизајнираниот излез за звук, заедно со нова испакнатина на десната страна во која се сместени микрофонот, копчето и дигиталната круна.

Дополнително, се појавија и некои слики за додатоците на Apple Watch, кои одговараат на овој рендер.

Ако навистина ова е она што Apple го има во продавницата, убаво е да се знае дека компанијата ги разбира барањата на спортистите, за кои сепак е направен моделот Pro.

Корисниците сакаат екрани на допир, но сепак претпочитаат големи копчиња кои можат да се притиснат под вода, или додека трчаат, возат велосипед и слично.

Гурман најавува дека паметниот часовник ќе доаѓа со режим на заштеда на батерија, зголемен капацитет на батеријата и „издржливо куќиште од титаниум“. 91mobiles вели дека „извори од индустријата“ велат дека куќиштето на Apple Watch е со големина од 49 милиметри, што, дури и да не е најголемиот спортски паметен часовник на пазарот, не е лошо.

За потсетување, „обичниот“ Apple Watch доаѓа во големини од 38 до 45 милиметри.

Конечните информации за новиот Apple Watch ќе ги дознаеме при официјалната презентација денес, кога Apple ќе го претстави заедно со новите телефони од серијата iPhone 14.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП