7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Подобро е еднаш да загубам со 4:0, отколку четири пати со...

Мурињо: Подобро е еднаш да загубам со 4:0, отколку четири пати со 1:0

Рома на тренерот Жозе Мурињо, синоќа во Удине го доживеа првиот пораз во сезоната. Удинезе го декласира тимот на Мурињо со 4:0.

Португалецот во свој стил го коментираше поразот, истакнуваји дека е бесмислено да се зборува за судиите.

„Ќе кажам дека претпочитам да загубам еден натпревар со 4-0 отколку четири меча 1-0, бидејќи на крајот испуштивме само три бода, а не 12. Тешко ни е и на нас и на навивачите да голтнеме ваков пораз, но ова е животот, имаме уште еден натпревар во четврток и ќе одиме напред“.

Следниот предизвик ја очекува Рома во Лига Европа во четврток на гостувањето кај Лудогорец.

„Имавме шанси да израмниме или да поведеме со 2:1, но не ги искористивме. Противничките играчи беа опасни во контра, примивме неколку гола поради големи индивидуални грешки, но во мојот тим индивидуалните грешки секогаш стануваат колективни. Тешко е, но одиме понатаму. Многу екипи се блиску до врвот, ние продолжуваме по нашиот пат“, изјави Португалецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП