2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСо еден потег Анонимуси предизвикаа брутален сообраќаен хаос во Москва

Со еден потег Анонимуси предизвикаа брутален сообраќаен хаос во Москва

Од почетокот на руската инвазија на Украина, хакерите од колективот Анонимус придонесуваат за одбрана на земјата, барем во виртуелниот свет. Во текот на последните месеци, тие постојано ги напаѓаа и уриваа руските веб-страници, зедоа и објавуваа бројни приватни податоци на руски компании, па дури и хакираа печатачи.

Иако се уште нема официјална потврда, Анонимуси ја презедоа одговорноста и за хакирањето на рускиот такси сервис Yandex. Според профилот на Твитер поврзан со Anonymous, во тоа им помогнале хакерите од волонтерската организација IT Army of Ukraine, покрената да се борат во сајбер просторот.

Како и во случајот со Uber и слични услуги, корисниците на Yandex можат да повикуваат такси преку апликацијата, а според пишувањата на неколку медиуми, хакерите успеале да ја нарушат таа услуга и да повикаат бројни такси до центарот на градот на улица каде сообраќајниот метеж е секојдневна појава. Големиот број такси возила кои се појавија во исто време дополнително ја влошија состојбата и го парализираа сообраќајот околу 40 минути.

Од „Yandex“ потврдија дека имало хакерски напад – во соопштение за медиумите напишаа дека имало „обид да се прекине услугата“ и дека десетици такси возила биле повикани на улица во центарот на градот. Според тоа, повиците не ги упатиле вистински корисници, туку хакери, со што утрото им било мизерно на сите заглавени во сообраќајниот метеж во Москва.

Yandex набрзо го смени алгоритмот, а оваа компанија вели дека слични ситуации не би требало да се повторат. Според Engadget, ова е прв случај во кој хакери користеле такси апликација за да предизвикаат сообраќаен метеж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП