Во дерби во кое пред десетина година се одлучуваше приматот во англискиот фудбал, Манчестер јунајтед стигна до 3:1 победа над Арсенал на „Олд Трафорд“, нивна четврта последователна победа во низа за прекин на победничката серија на Арсенал.
Ерик Тен Хаг реши да го стартува мечот со новото засилување од 100 милиони евра, Антони како стартер и повторно со Кристијано Роналдо на клупата, но први топката во мрежата ја сместија гостите, кога Габриел Мартинели во 12. минута постигна прекрасен гол. Меѓутоа, во уште една контроверзна ВАР-одлука во англискиот фудбал, голот беше поништен поради претходниот фаул на Мартин Одегард над Кристијан Ериксен.

