Асот на Ред бул, Макс Ферстапен чекори кон одбрана на светската титула во Формула 1 шампионатот по доминантата победа пред неговите 100 илјади фанови во Цандфорт, триумфирајќи пред Џорџ Расел во Мерцедес и Шарл Леклер во Ферари, откако нивните тимови не реагираа најдобро на променливиот тек на трката.
Ферстапен успеа да ги остави зад себе Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор на стартот, по што ги преброди сите случувања зад него и со интересна тактика да стигне до убедлива победа. Ферари, од друга страна, направија несфатлива грешка, кога при првото влегување во боксот, не беше подготвена една гума за Карлос Саинс, уништувајќи му ги шансите за борба со Ферстапен, а потоа и двата болиди на Мерцедес успеаја да дојдат пред возачите на Ферари.

