Светскиот рекет број 3, 19-годишниот Карлос Алкараз со 6:3/6:3/6:3 го „збриша“ Американецот Џенсон Бруксби во третото коло на САД опен, додека неговиот далеку попознат и пославен сонародник, Рафаел Надал, со 6:0/6:1/7:5 беше подобар од уште еден ветеран, Французинот Ришар Гаске, за лесен пласман во четвртото коло.
Алкараз, кој лани стана најмладиот тенисер кој се пласирал во четврт-финалето на Флешинг Медоуз, губеше со 3:0 во третиот сет, пред да освои шест гема во низа против Бруксби.

