26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТопло, вкусно и здраво: Го продолжува животот и ги намалува срцевите проблеми

Топло, вкусно и здраво: Го продолжува животот и ги намалува срцевите проблеми

Со млеко или шеќер, ефектите се позитивни како и без нив. Научниците велат дека пиењето на овој пијалок ја намалува смртноста за 9 до 13 проценти.

Според научниците, во споредба со оние кои не пијат чај, оние кои консумираат една до две шолји секој ден имаат меѓу 9 и 13 проценти помала смртност.

Нивното истражување, објавено во списанието „Annals of Internal Medicine“, покажува дека резултатите остануваат исти доколку личноста пие и кафе, додава млеко или шеќер во својот чај, без оглед на температурата и генетската способност на метаболизмот да го вари кофеинот. Истражувачите од британската институција „National Institutes of Health (NIH)“ користеле податоци од половина милион мажи и жени на возраст меѓу 40 и 69 години, од кои 85 отсто секојдневно пијат чај. Дури 89 отсто од нив пијат црн чај, најпопуларен во Велика Британија.

Фернандо Родригез Арталехо, професор по превентивна медицина и експерт за јавно здравје на Универзитетот во Мадрид, го опиша истражувањето како „значаен напредок во оваа област“. Тој нагласи дека истражувањата покажуваат умерено намалување на смртноста кај оние кои консумираат чај, особено ако боледуваат од кардиоваскуларни болести. Сепак, тој предупреди дека не може со стопроцентна сигурност да се каже дека чајот е единствената причина за намалена смртност, бидејќи не може да се исклучи дека за тоа се заслужни и други здравствени фактори поврзани со конзумирањето чај. Друго прашање што останува е дали луѓето кои немаат култура на пиење чај треба да започнат со секојдневно консумирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП