25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГејмерите го добиваат првиот флексибилен „OLED“ монитор (ВИДЕО)

Гејмерите го добиваат првиот флексибилен „OLED“ монитор (ВИДЕО)

„Corsair“ неодамна го покажа својот најнов монитор. Тоа е „Xeneon Flex 45WQHD240“ од премиум сегментот.

Мониторот „Xeneon Flex 45WQHD240“ има екран со големина од 45 инчи, ултра широк „OLED“ панел со сооднос 21:9 и резолуција од 3.440 x 1.440 пиксели.

Секако, најинтересната карактеристика на мониторот „Xeneon Flex“ е неговата флексибилност, бидејќи дисплејот може рачно да се свитка и да се претвори од традиционален рамен екран во заоблен екран.

На страната на дисплејот има рачки, кои може да се влечат за да се прилагоди степенот на искривување на екранот до 800R. Исто така, можно е да се прилагоди само едната страна на мониторот, доколку сакате да го поставите до друг монитор.

„Xeneon Flex“ го користи „W-OLED“ дисплејот на „LG“ и ветува осветленост до 1000 nits, контраст од 1.350.000:1, а екранот има заштита од отсјај и технологија за слаба сина светлина која го намалува напрегањето на очите.

На гејмерите особено ќе им се допаднат функциите како што се време на одговор од 0,03 милисекунди, брзина на освежување до 240 Hz и компатибилност со технологиите „Nvidia G-Sync“ и „AMD FreeSync“.

„Corsair“ не објави информации за датумот на продажба, цената и конечните спецификации на мониторот „Xeneon Flex 45WQHD240“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП