17 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 29.08.2022 до 04.09.2022

Неделен хороскоп 29.08.2022 до 04.09.2022

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа ќе бидете соочени со некакви ограничувања кои не сте ги очекувале. Можно е да ви се вратат некои стари проблеми.

ЉУБОВ: Ситуацијата во бракот е прилично напната, особено ако вашиот партнер е Овен или го носи тој подзнак.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Можете да очекувате мали застои во текот на деловните преговори, другата страна ќе се обидува да го извлече најдоброто за себе.

ЉУБОВ: Делувате многу ладно во комуникацијата со партнерот, кој веќе е загрижен дали го сакате или не.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте можни се компликации со белите дробови.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Очекувајте стабилизација на полето на финансиите. Ќе имате прилив на пари.

ЉУБОВ: На емотивен план имате бројни прилики за врска, но ниедна не ви се чини како доволно добра.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Внимавајте да не направите некоја поголема грешка на работа оваа недела. Можно е да имате хроничен пад на концентрацијата.

ЉУБОВ: Сакате да му бидете максимално посветени на партнерот, гладни сте за љубов и прегратки.

ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со физичкото исцрпување, одморете малку.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Размислувате за некој деловен потфат од минатото и се прашувате дали би можеле да го повторите таквиот успех.

ЉУБОВ: Мечтаете за една личност која ви е недостапна од повеќе различни агли. Можна е мала депресија.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Заедно со своите соработници во кои имате доверба ќе успеете да остварите успех на деловен план.

ЉУБОВ: Ќе ви се врати некоја стара љубов, личност со која претходно сте имале некој недовршен или недефиниран однос.

ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете полни со енергија, здравјето ви е одлично.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Тешката атмосфера во работното опкружување доста влијае на вас, па намалена ви е и волјата да се трудите за подобри резултати.

ЉУБОВ: На ова поле се можни бројни промени, ситуацијата не е баш најповолна.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за вашиот имунитет и крвната слика.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Можете да очекувате дека преку појава на некои среќни околности ќе имате можност за напредување или зголемување на заработката.

ЉУБОВ: Можете да очекувате интересна средба која нема да ве остави рамнодушни.

ЗДРАВЈЕ: Можни се појави на тахикардија, поведете сметка за тоа.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Неповолна фаза во која можете да очекувате бројни ограничувања и рестрикции од страна на надредените.

ЉУБОВ: Дистанцата која постои меѓу вас и саканото лице се чувствува се повеќе, поправете ја ситуацијата.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот, вкочанетост и напнатост во мускулите.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Доколку сте планирале било каков вид на соработка со странство или патување ова е идеален период. Ќе ви помогне женско лице постаро од вас.

ЉУБОВ: Емотивно сте генерално стабилни, каков и да ви е статусот. Задоволни сте од себе и од партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Редовно контролирајте ја крвната слика, внимавајте на холестеролот.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Можете да очекувате решение на некои важни финансиски прашања, или ќе заштедите некој денар или ќе отплатите некој долг.

ЉУБОВ: Имате проблеми со љубомората на партнерот кој го следи секој ваш чекор и не ви дава простор да дишете, седнете и отворено разговарајте.

ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со цигарите и алкохолот.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Имате многу јасен увид за ситуацијата во која се наоѓате, размислете со ладна глава и не донесувајте непопуларни мерки.

ЉУБОВ: Саканото лице ви е максимално посветено и имате прилика да уживате во заедничките моменти.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со бубрезите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП