26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНикогаш не треба да го чувате телефонот на овие места

Никогаш не треба да го чувате телефонот на овие места

Веќе е познато дека никогаш не треба да го држите телефонот до вашата глава, но има уште неколку места каде телефонот едноставно не припаѓа.

Никогаш не треба да го чувате телефонот на следниве места:

Во вашиот џеб

Иако речиси сите го прават тоа, не се препорачува да носите мобилен телефон во џеб. Нивните екрани се чувствителни и лесно може да повикате некого без да го сфатите тоа. Звучи смешно, додека не го слушнете фактот дека околу 30 проценти од повиците до службите за итна помош се случајни.

Чувањето на телефонот во џеб може да влијае и на вашето здравје, бидејќи обично се препорачува растојание од 15 милиметри од вашето тело.

Не треба да ја заборавиме можноста за оштетување на самиот уред.

На кожата

Бактериите од екранот лесно се префрлаат на лицето, па можат да бидат причина за појава на акни или некои други кожни болести.

Покрај тоа, електромагнетното зрачење станува посилно. Додека зборувате на мобилен телефон, треба да се грижите и за растојанието споменато погоре.

На топли места

Високите температури се штетни за електрониката, па затоа не се препорачува да го оставите мобилниот телефон во автомобил, на плажа или каде што ќе биде изложен на сонце или на кој било друг извор на топлина, пишува порталот.

Под перницата

Ако добивате известувања навечер и екранот свети, тоа тогаш негативно влијае на производството на мелатонин, што доведува до проблеми со спиењето. Има и случаи на експлозии на телефони, па дури и пожари.

Покривањето на мобилниот телефон со перница ги зголемува шансите за прегревање, особено при полнење.

На полначот

Се разбира, полнењето на вашиот мобилен телефон не му штети директно на вашето здравје, но подобро е да не го полните мобилниот телефон преку ноќ, бидејќи тоа може да го скрати животниот век на батеријата.

На ладни места

Ако надвор е ладно, а температурата паднала под нулата, треба да се грижите за вашиот мобилен телефон и да не го оставате долго време надвор или во автомобил.

Температурната разлика е многу штетна за уредите, бидејќи се јавува кондензација кога се враќа на топло место, што може да доведе до дефект.

Не би било лошо да го заштитите мобилниот телефон со маска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП