Кристијано Роналдо е честа тема на шпекулации кои го селат од „Олд Трафорд“ во голем број клубови. Откако не успеа да го замени Манчестер јунајтед со Челзи, Баерн, Борусија Дортмунд или Пари Сен Жермен, тој секојдневно се поврзува со клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите. По ждрепката за елитното натпреварување, јасно е дека кариерата нема да ја продолжи ниту во Марсеј.
Да потсетиме, во италијанските медиуми се појави вест дека агентот на Роналдо Жорге Мендеш и раководството на Марсеј се во контакт и дека ќе почнат преговори, потоа за оваа можност почнаа да пишуваат и француски новинари. Сето ова го демантираше Пабло Лонгорија, претседателот на Марсеј.

