НАСА на својот Твитер профил објави аудио снимка од вселената, која претставува звучни бранови кои доаѓаат од црна дупка и минуваат низ група галаксии.
„Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други додатоци за да се слушне црната дупка“, напишаа под видеото.

