Рома и Кремонезе вечерашниот натпревар ќе го искористат и да ги заклучат преговорите околу трансферот на Феликс Џан. Минатата есен, Европа слушна за овој напаѓач, кога Жозе Мурињо си го исполни ветувањето и му купи патики од 800 евра. Тогаш Џан со два гола и ја донесе победата на Рома над Џенова.
Во меѓувреме, тоа беа единствените голови кои 19. годишниот напаѓач од Гана ги постигна за Рома. Мурињо е подготвен да се откаже од него и да го испрати во Кремонезе, особено по последниот инцидент на тренингот на „волчицата“.

