Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.
Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиер лигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.

