Денеска почна судскиот случај против легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед и поранешен селектор на Велс Рајан Гигс за напад на неговата поранешна девојка Кејт Гревил, и англиските таблоиди пренесуваат шокантни тврдења за еден од најдобрите велшки фудбалери во историјата.
48-годишниот Гигс според „Сан“, ја исфрлил Гревил од хотелот „Стафорд Лондон“ додека таа била гола поради расправија откако тој флертувал со други жени. Гигс исто така е обвинет дека ја нападнал 36-годишната Гревил и нејзината помлада сестра Ема во нивниот дом во Ворсли на 1 ноември 2020. Покрај ова, Гигс е обвинет дека ѝ се заканувал на својата поранешна девојка од август 2017 до ноември 2020.

