Менаџерот на Челси, Томас Тухел признава дека никој од неговите фудбалери не го посакал дресот со број 9 во новата сезона, шегувајќи се дека се работи за „проколнат“ број.
„Сините“ ја почнуваат сезоната без „деветка“ по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер, кој се приклучи на долгата листа на играчи кои не импресионирале со овој дрес, како Матеја Кежман, Фернандо Торес, Радамел Фалкао, Алваро Морат и Гонзало Игуаин.

