Велат дека по утрото денот се познава и затоа би било добро уште во креветот да развлечете една широка насмевка. По серијата позитивни мисли, потрудете се да ги испочитувате следниве правила…
Не го прескокнувајте појадокот

Ова е многу важно правило и без оглед колку ви се чини дека не сте во состојба да јадете пред да заминете на работа, потрудете се сепак да го направите тоа. Потрудете се да доручкувате најмногу еден час откако ќе станете од креветот, не чекајте да стигнете до работа.
Внесете протеини

Доколку го започнете денот со протеини ќе бидете подолго време сити. Потрудете се да јадете јајца, интегрален леб, печеница или грчки јогурт. Протеините ќе ве држат сити подолго, бидејќи се варат побавно.
Задолжително изедете и една банана

Веќе многу пати сме напишале за ова навистина чудесно овошје и неговите супермоќи. Бананите ќе ви дадат енергија и ќе го поттикнат лачењето на серотонин, хормонот на среќата.
Нормално, доколку сакате подобри резултати, ќе мора и многу повеќе да се занимавате со своето тело, редовно да вежбате и да внимавате на внесот на масти и јаглехидрати.