24 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИКорекцијата при крај,на повидок повторно пад на EUR/USD!?

Корекцијата при крај,на повидок повторно пад на EUR/USD!?

Со почетокот на оваа недела во вчерашниот ден еврото се корегираше во однос на доларот со раст до 50% од севкупниот пад од минатите две недели достигнувајки цена до 1,3276.

Со оглед дека генералниот тренд е надолен, и корекциите се сосем нормални може да констатираме дека според “Eliot Wave” теоријата се креира формација од 1 надолен бран од највисоката цена 1,3440 до 1,3104, потоа повратен нагорен бран број 2 кој содржи 50% од големината на првиот надолен бран од цена 1,31004 до 1,3276, и сега повторно е на потег да почне со креирање надолен бран број 3 кој најверојатно ќе започне од денешната цена 1,3276 или во случај да порасте уште до 61,8% од фибоначи нивоата до цена 1,3314, за да се спушти потоа повторно кон најдолните нивоа од претходната недела.

Како резултат на падот на американскиот долар е исто така и фундаментот при објавените податоци во петокот за вработеноста во САД каде се објавени 169.000 нови вработувања наспроти очекуваните 180.000 нови вработувања, но со оглед на сириската криза која е сеуште актуелна и конгресот во секој момент би можел да даде зелено светло за нападот на американската армија врз силите на Сирија цената на EUR/USD во секој момент сензибилно може да пропадне, не само како резултат на војната него и при самите секојдневни шпекулации од медиумите.

Следни нивоа при евентуалниот пад на еврото во однос на доларот се 1,3234 и подолу до 1,3186.

eurusd10.09

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП