11 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ овозможува да ги скриете вашите податоци од сервисерите

„Samsung“ овозможува да ги скриете вашите податоци од сервисерите

Новата функција делува како одлично решение за непријатни ситуации, бидејќи овозможува заклучување на податоците на телефонот.

„Samsung“ воведува нова интересна функција наречена „Repair Mode“. Веројатно барем еднаш сте се нашле во ситуација кога сте морале да го дадете телефонот на поправка, полн со ваши фотографии, пораки и други лични податоци, а не сте можеле да направите ништо за да ги заштитите вашите податоци од сервисерот.

Се случувале протекувања на податоци од телефоните кои биле во сервис, па новата функција која ја најави „Samsung“ звучи како одлично решение за вакви ситуации бидејќи овозможува заклучување на податоците, но не и на самиот телефон.

Кога ќе го испратите телефонот на поправка, нема да испратите заклучен уред, бидејќи сервисерите не можат да го тестираат доколку сè е заклучено. Во режимот за поправка, сервисните техничари имаат ограничен пристап до уредот – тие можат да го тестираат уредот, но ќе ги гледаат само стандардните апликации и нема податоци. Откако ќе се врати вашиот уред, можете да го оневозможите режимот за поправка и да ги вратите сите ваши податоци.

Новата функција, која „Samsung“ ја најави во соопштение за печатот на корејски јазик, доаѓа на телефоните „Galaxy S21“ прво и само во Јужна Кореја.

Како што е објаснето, функцијата може да се вклучи во делот „Battery and Device Care“ од поставките. Откако ќе го направите ова, телефонот ќе се рестартира во режим на поправка и вашите сметки, фотографии и пораки ќе бидат скриени. Сервисниот техничар или кој било друг што ќе го добие вашиот телефон ќе може да пристапи само до апликациите што се стандардно инсталирани. Само вие ќе можете да го исклучите режимот за поправка со поминување низ процесот на автентикација.

„Samsung“ не објасни точно како функционира оваа опција, но „Аndroid“ има голем број функции кои би го направиле релативно лесно спроведувањето на ваква функција.

Јужнокорејската компанија не прецизираше дали и кога „Repair Mode“ ќе пристигне во други региони, ниту пак кои модели на телефони ќе ја поддржуваат оваа функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП