24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПобарувачката за луксузни часовници и облека му даде поттик на „Hermes“

Побарувачката за луксузни часовници и облека му даде поттик на „Hermes“

Приходите од продажба на „Hermes International“ се зголемија во вториот квартал бидејќи потрошувачите потрошија повеќе на часовници и облека од луксузниот бренд, објави „Bloomberg“.

Приходите се зголемени за 20% по постојани курсеви на годишна основа до 2,71 милијарди евра, открива компанијата. Аналитичарите очекуваа раст од 13%.

Одделот за часовници беше најдобар за периодот со раст на приходите од 49%, поддржан од популарноста на моделот „Heure H“. Најголемата единица на компанијата, кожните производи, беше единствената со едноцифрен процентуален раст.

Инвеститорите и аналитичарите веројатно внимателно ќе ги следат коментарите за случувањата во избувнувањето на Ковид-19 во Кина и апетитот на потрошувачите таму кога раководството на „Hermes“ ќе зборува. Оваа недела, властите во Пекинг одлучија да воведат заклучување на 1 милион граѓани во Вухан, сигнал дека политиката за нулта-Ковид сè уште се спроведува.

Приходите од бизнисот во Кина се зголемија во јуни откако беа погодени од мерките за коронавирусот и затворањето на продавниците во април и мај, велат од „Hermes“. Регионот забележа најбавна стапка на раст за извештајниот период за разлика од Европа, каде особено Франција имаше добри резултати поради силниот поттик од туристите.

„Hermes“ ги следеше „LVMH“ и „Kering“ во објавувањето силни резултати кои покажаа дека потрошувачите на луксуз не се погодени од високата инфлација и грижите за потенцијалното економско забавување.

Луксузниот бренд отвора нов производствен капацитет во Франција во обид да одговори на зголемената побарувачка за своите производи. Во март, „Hermes“ рече дека ќе отвори две локации за производство на кожни производи до 2026-та година, со што ќе се отворат 500 работни места.

Оперативната добивка на „Hermes“ за првата половина од годината порасна на 2,3 милијарди евра. Прогнозата на аналитичарите беше за 9,7 милијарди евра.

Брендот ги зголеми цените во својот оддел за часовници и накит за 3-5 отсто претходно овој месец, изјави извршниот претседател Аксел Думас за новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП