Сер Алекс Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед на официјална позиција, откако извршниот директор на клубот, Ричард Арнолд формираше посебен тинк-тенк во кој ќе учествуваат и поранешниот капитен Брајан Робсон, како и поранешниот генерален директор, Дејвид Гил, јавува „Дејли мејл“.
Ова било договорено на ручекот во Керингтон, кој случајно се поклопил со враќањето на Кристијано Роналдо во тимот за преговори, и ќе му даде на легендарниот Ферги најголемо влијание во клубот кој го водеше до најголемите успеси во историјата. 80-годишниот Фергусон и Гил останаа во бордот на директори по заминувањето од клубот во 2013 година, но тоа беше само симболична позиција, додека главните одлуки ги носеше поранешниот директор Ед Вудворд.

