20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ се откажува од планираните промени

„Instagram“ се откажува од планираните промени

По екстремно бурните повратни информации од корисниците, „Instagram“ одлучи да се откаже од некои од промените што ги најави.

Минатиот месец, „Instagram“ започна со тестирање на прегледите на цел екран за фотографии и видеа. Шефот на „Instagram“ Адам Мозери сега изјави дека тестот ќе биде прекинат во следните неколку недели.

„Луѓето се фрустрирани од новиот дизајн на „фидот“ и податоците за користењето на новите функции не се одлични. Затоа мислам дека треба да направиме голем чекор назад, да се регрупираме и да одлучиме како сакаме да одиме напред“, рече Мозери.

Покрај отстранувањето на „фидот“ на цел екран, апликацијата барем привремено ќе го намали нивото на препорачаната содржина што ја гледате.

„Кога во вашиот преглед ќе откриете нешто што не сте го следеле досега, тоа треба да биде одлично. Треба да бидете воодушевени кога ќе го видите. Но, мислам дека тоа не се случува во моментов“, истакна Мозери.

Мозери во вторникот рече дека дизајнот на цел екран „сè уште не е добар“ и дека треба да се направи повеќе работа пред „Instagram“ да го објави на сите. Сепак, тој сугерираше дека „Instagram“ на крајот ќе стане повеќе фокусиран на видео содржини, бидејќи тоа е вид на содржина што луѓето ја споделуваат овие денови.

Мозери рече дека податоците на „Instagram“ покажуваат дека корисниците не биле вклучени во најавените промени и дека тоа е клучна причина за промената на тактиката. Сепак, враќањето на „фидот“ и препораките на цел екран нема да бидат трајни.

Тој рече дека е убеден дека „Instagram“ ќе ги подобри алгоритмите за рангирање и препораките за да може услугата „повторно да расте“ откако планираните промени ќе бидат напуштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП