Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски го сочинуваат македонскиот тим што се пласира во финале на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска. Во екипна конкуренција во борби, тие имаа три извонредни победи и утре ќе земат учество во финалните натпревари.
-Направивме одличен успех. Успеавме да влеземе во финале во најтешката дисциплина, борби-екипно во машка конкуренција. Тимот е составен од искусни каратисти, иако се студенти, сите се репрезентативци на Македонија кои ги бранеле боите на многу европски и светски првенства. Ова е второ финале во истата дисциплина на овој универзитетски тим. Тие на минатата универзијада пред три години во Загреб, беа финалисти и освоија сребро. Се надеваме дека на оваа ќе бидеме први и ќе го освоиме златниот медал – изјави Бошко Заборски, селектор на универзитетската репрезентација на Македонија.


