30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовеќекратниот светски шампион во Ф1 се пензионира: 10 негови најдобри реченици

Повеќекратниот светски шампион во Ф1 се пензионира: 10 негови најдобри реченици

Возачот на Формула 1, еден од најдобрите и четирикратен светски шампион, Германецот Себастијан Фетел објави дека на крајот од сезоната се повлекува од Формула 1.

Фетел го имаше своето деби во Формула 1 во 2007 година, а меѓу 2010 и 2013 година освои четири последователни шампионски титули возејќи за Ред Бул, од кои првата го направи најмладиот шампион во Формула 1.

Германецот, кој моментално вози за Астон Мартин, има 53 шампионски победи во кариерата и е трет на сите времиња зад Луис Хамилтон (103) и Михаел Шумахер (91).

„Одлуката да се пензионирам тешко ја донесов. Поминав многу време размислувајќи за тоа. Сакам да поминувам повеќе време со семејството“, објави Себастијан Фетел на социјалните мрежи.

Бидејќи Фетел е инспирација за многумина ширум светот, ви претставуваме 10 негови цитати кои ни беа најинтересни.

1. Во моментот кога парите ќе ви станат мотивација, веднаш не сте толку добри како некој кој е поттикнат од страст и внатрешна волја.

2. Не можете да го промените она што се случило, но можете да го промените она што ќе се случи.

3. Никогаш не престанувај да растеш. Никогаш не престанувај да веруваш.

4. Во принцип, не ми е гајле што велат луѓето. Морам да бидам јасен со себе. Кога сè оди како што треба, луѓето ве фалат, кога ќе погрешите, луѓето ве критикуваат.

5. Кога одите по патека и гледате кривина и сфаќате дека ја заобиколувате со 250 км/ч, се прашувате кој би можел да биде толку глуп да врти со таа брзина. Но, не размислувате за тоа во болидот.

6. Вистина е дека сум лош губитник. Зошто да лажам? Ако поразот ми беше во ред, немаше да бидам во Формула 1. Мислам дека е поискрено да се однесувате како што навистина се чувствувате отколку да се преправате дека сте насмеано момче кога навистина не сте расположени за насмевка.

7. Сите тие прекрасни луѓе кои ми велат дека ќе станам шампион не ме прават побрз. За да бидете побрзи, треба да верувате.

8. Има работи што можете да ги добиете со пари, но на крајот од денот тоа не ве прави среќни. Тоа се малите нешта кои го прават животот добар.

9. Се сеќавам на мојот прв тест во Формула 1. По пет круга кога се вратив во боксот, се обидував да бидам кул – „О, да, добро сум, јас сум на врвот“ – но бев целосно изгубен.

10. Не ми е гајле што мислат другите луѓе се додека сум среќен. Денот кога ќе умрам или ќе се пензионирам, ги уништив сите мои шанси бидејќи повеќе немам можност да го менувам имиџот на Ф1 возач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП