Дали сушито, зеленчукот и зелениот чај кои веќе со векови се користат во исхраната во Јапонија, се модерни извори на младоста? Од Канцеларијата за национална статистика откриено е дека од испитаните жени од 21 земја од светот, Јапонките имаат најдолг животен век, па девојчињата родени во 2012-та година во оваа земја, статистички гледано, би требало да живеат 86 години.
За споредба, наведено е дека очекуваниот животен век кај Британките е 82 години, а кај Американките 81. Кај мажите ситуацијата е малку поинаква. Јапонците статистички би требало да живеат 79 години, Исланѓаните 80, а Американците 76 години.

