26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСите модели на „iPhone 14“ пристигнуваат со повеќе меморија

Сите модели на „iPhone 14“ пристигнуваат со повеќе меморија

Линијата на „iPhone 14“ на „Apple“ би требало да биде претставена за помалку од два месеци, а како што се приближуваме до официјалното објавување, се повеќе и повеќе информации излегуваат за овие телефони.

Новиот извештај на „Digitimes“ открива дека компанијата од Купертино планира да ја надгради целата своја линија „iPhone 14“ на 6GB RAM. Ова значи дека стандардните модели ќе имаат иста количина на меморија како и моделите „Pro“.

Од друга страна, моделите „Pro“ треба да добијат зголемување на брзината на меморијата, бидејќи „Apple“ ќе се префрли од LPDDR4X на LPDDR5 меморија. Стандардниот „iPhone 14“ и новиот „iPhone 14 Max“ ќе имаат LPDDR4X, додека „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“ ќе добијат надградба на LPDDR5.

„Apple“ ќе ја претстави новата линија „iPhone 14“ во септември, но компанијата засега нема објавено официјална информација и се што дознавме досега се протечени и непотврдени вести од неофицијални канали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП