среда, 28 септември 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата

Вселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата

За време на викендот, Кина лансираше нова ракета Long March 5B која носи нов модул за кинеската вселенска станица Тиангонг. Модулот Wentian содржи научна опрема за спроведување на експерименти во вселената и простор за престој на астронаутите.

Тој се приклучи на модулот Tainhe кој беше лансиран минатата година, а до крајот на оваа година кинезите планираат да лансираат уште еден модул, наречен Mengtian.

Но, проблемот не е во тоа што Кина лансира нови модули и ја гради својата вселенска станица, туку што се случува со тие моќни ракети откако ќе ја завршат својата работа.

За време на првата фаза во орбитата, Long March 5B фрли 23 тони отпад, за кои експертите проценуваат дека ќе орбитира неколку дена. Проблемот е што овој отпад во одреден момент ќе падне на Земјата. Некои делови ќе изгорат при минување низ атмосферата, но нема сите.

За жал, јадрото тешко 21 тон најверојатно ќе остане во ниска орбита и ќе падне неконтролирано на Земјата, предупреди астрономот Џонатан Мекдауел од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан. Во интервју за Gizmodo, тој истакна дека би бил пријатно изненаден доколку Кинезите го сменат дизајнот на јадрото, што би ја зголемило шансата да изгорат остатоците при влегувањето во атмосферата.

Веројатно не, и сега ни претстои уште едно возење, исто како и минатиот пат, истакна Мекдауел.

Експертите предупредуваат дека постои можност овој вселенски отпад да заврши во населено место. Имено, делови од кинеската ракета веќе двапати се урнати на Земјата. И додека во 2020 година делот од ракетата што не изгоре падна во Индискиот Океан, во 2021 година тоа не беше случај, туку погоди неколку села на Брегот на Слоновата Коска.

Студијата објавена во Nature Astronomy предупредува дека, поради зголемената гужва во вселената, ризикот од човечки жртви поради вселенски отпад што паѓа на Земјата ќе се зголеми во следните десет години. Во студијата се наведува дека ризикот е дури 10 отсто да има човечки жртви. Колку и каде, невозможно е да се пресмета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП