Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала одлучил да потпише за Рома. Тој долго време беше во преговори со Интер, кој чека да продаде неколку фудбалери за да може да го доведе на „Џузепе Меаца“, а во трката се впушти и Наполи.
Жозе Мурињо му се јавил на Дибала и успеал да го убеди во плановите на Рома, која ја освоија Конференциската лига и оваа сезона сака да освои едно од првите четири места во Серија А за враќање во Лигата на шампионите по пет години.

