Фред Керли е новиот светски шампион на 100 метри за мажи. 27-годишниот Американец покажа дека ја донел вистинската одлука да се префрли од дисциплината 400 метри на 100 метри и го освои златниот медал пред домашната публика во Јуџин, Орегон со време од 9,86 секунди.
Керли беше бронзен медал на 400 метри на претходниот планетарен шампионат во Доха во 2019 година, а освои сребро на 100 метри на минатогодишните Олимписки игри во Токио.

