Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ќе биде нов играч на Барселона. Баерн ја прифати понудата на Каталонците од 50 милиони евра и тој во текот на викендот и официјално ќе стане нов играч на тимот од „Ноу Камп“.
Роберт Левандовски мина осум години во Баерн, одигра 375 натпревари и постигна 344 гола за Баварците. Со Баерн осум пати беше германски првак, три пати победник на Купот и пет пати победник на Суперкупот.

