Можеби и самите сте го забележале.
Постои цел спектар на теории за тоа во кој хороскопски знак се родени најубавите ѕвезди во музиката и филмот, но и воопшто, кој хороскопски знак е доминантен кога е убавината во прашање.
Според тврдењата на повеќето астролози, најмногу заводници во светот се родени во знакот – Вага!
Сите кои се родени помеѓу 23 септември и 22 октомври, сега можат да се пофалат со еден необичен, но „престижен“ факт во општеството.
Од друга страна, можеби и самите сте забележале, ако има многу Ваги наоколу, колку се шармантни и секси.
Експертите тврдат дека, поради влијанието на Венера, Вагите се раѓаат со најубава физиономија, имаат најдобра симетрија на лицето и имаат убава фигура.