5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lego“ – втор производител на играчки во светот

„Lego“ – втор производител на играчки во светот

lego1

Данската компанија „Lego“, според податоците за првите шест месеци од оваа година, се искачи на второто место во светот меѓу производителите на детски играчки.

Во првата половина од годината, продажбата на „Lego“ е зголемена за 13 проценти, на 1,8 милијарди долари.

За споредба, компанијата „Hasbro“, која претходно беше на второто место според производството на играчки, ја намали продажбата во првата половина од годината на 1,4 милијарди долари.

Притоа, во вториот квартал е забележан пад на приходите во однос на истиот период минатата година.

Најголемиот светски производител на игрчки е американскиот „Mattel“, кој го поседува брендот „Barbie“.

Тој во првата половина од годината продаде производи во вредност од 2,1 милијарди долари, што е раст од четири проценти на годишно ниво.

За наглиот раст на продажбата на „Lego“ придонесе и пласирањето на новата линија „Legends od Chima“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП