Организаторите на Светското првенство во фудбал потврдија дека сите странци што доаѓаат во Катар, вклучително и фудбалерите што не се вакцинирани, ќе мора да поминат пет дена во самоизолација.
Фудбалерите и членовите на делегациите, како и новинарите и навивачите, кои ќе дојдат во Катар на Светското првенство, ќе треба да покажат доказ за вакцинација против коронавирусот. Во спротивно, ќе мора да поминат пет дена во хотел во самоизолација.

