3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКака во Реал изгубил волја за фудбал

Кака во Реал изгубил волја за фудбал

kaka

Бразилецот Кака кој во летниот преоден рок се врати во Милан, за периодот поминат во Реал Мадрид изјави дека изгубил волја за играње фудбал.

– Годините поминати во Мадрид придонесоа да ја изгубам желбата за фудбал. Сепак не се каам за трансферот во Реал. Одлуката да го напуштам клубот ја донесов по разговорот со тренерот Карло Анчелоти, изјави Кака. Бразилецот не го посочи Мурињо како главен виновник за напуштање на Реал.

Напротив рече дека португалскиот стратег го направил посилен и дека тој бил причината да работи повеќе
со цел враќање на старата форма, кога беше еден од најдобрите светски фудбалери.

– Мурињо ме направи посилен. Поради него тренирав со засилен интензитет, играв се подобро во изминатите сезони, но не ја достигнав посакуваната форма.

Кака очекува во Милан повторно да му се врати желбата за фудбал и да прикаже игри како
пред четири години кога во Серија А беше меѓу најдобрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП