18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗнаеме како би можел да се вика следниот „VR“ уред на „Meta“...

Знаеме како би можел да се вика следниот „VR“ уред на „Meta“ (ВИДЕО)

„Meta“ наскоро може да го претстави својот прв „VR“ хардвер по неговото ребрендирање од „Facebook“ во „Meta“ во текот на минатата година. Сега го знаеме и потенцијалното име на тој уред.

Според програмерот Стив Мозер, следниот „VR“ уред ќе се вика „Quest Pro“. Гореспоменатото име беше откриено во кодот за мобилната апликација „Oculus“ на „Meta“.

Од „Meta“ одбија да ги коментираат овие наводи. Сепак, познато е дека компанијата веќе подолго време навестува „VR“ уред од премиум сегментот, кој треба да се најде покрај „Quest 2“ кој е наменет за потрошувачите.

Уредот го носи кодното име „Project Cambria“, а извршниот директор на „Meta“, Марк Цукерберг ги покажа неговите способности во демо видео.

Претходно се појави информација дека новиот „VR“ уред би можел да има цена од 799 долари, додека „Bloonberg“ известува дека цената ќе биде повисока од 1.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП