2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ по седми пат го освои Вимблдон

Ѓоковиќ по седми пат го освои Вимблдон

Новак Ѓоковиќ седми пат во кариерата ја освои титулата на Вилмблдон. Во финалето, српскиот тенисер го победи Ник Кирјос со 3:1 (4/6, 6/3, 6/4, 7/6). Ѓоковиќ сега има 21.гренд слем титули во кариерата, една повеќе има Рафаел Надал.

Новак Ѓоковќ, по три часа и четири минути, со пресврт успеа да ја освои титулата на Вимблдон.

Ѓоковиќ, преживеа против атомскиот сервис на Кирјос, Австрлиецот забележа 30 ас сервиси, трпеливо ги чекаше своите шанси, по еден брејк во вториот и третиот сет му беше доволен за да поведе со 2:1, во четвртиот сет, надмоќно го доби тајбрејкот.

На крајот Ѓоковиќ заврши со 46 винери и само 17 неизнудени грешки, Кирјос имаше 62 винери и 33 грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП