Манчестер јунајтед, подготовките за новата сезона која ќе започне за четири недели, ќе ги спроведе на далечниот Исотк, во Тајланд и Австралија. Извесно е дека меѓу патниците ќе го нема Кристијано Роналдо. Португалецот пред неколку дена побарал трансфер, а потоа не се појави на првиот тренинг, наводно поради семејни причини.
Клупските челници се свесни дека не можат да го задржат Роналдо против негова волја. Исто така јасно им е дека ѕвезда каква што е тој може многу да ја наруши атмосферата во соблекувалната. Манчестер јунајтед, според медиумите биле подготвени да ги разгледаат понудите што ќе ги донесе менаџерот на Португалецот, Жорж Мендеш.

