Македонската кошаркарска репрезентација го забележа петтиот пораз во петтиот меч од квалификациите за Светското првенство во 2023 година, откако во Сарагоса, Шпанија ни нанесе тежок 80:44 (19:17, 26:6, 17:8, 18:13) пораз.
Македонија беше рамноправен противник само во првата четвртина, во која домаќините имаа само два поени разлика (19:17), по што следуваше катастрофалната втора четвртина, која „фуријата“ ја доби со 26:6, решавајќи го победникот во мечот.

