18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го загубил Нејмар за 60.000 евра

Реал го загубил Нејмар за 60.000 евра

nejmar1

Шпанскиот спортски весник “Ас” јавува дека во 2006-та година, тогаш 14-годишниот Нејмар де Силва, веќе потпишал со Реал Мадрид за да настапи за младинските екипи, но трансферот во последен момент пропаднал.

Во пролетта во 2006 година, 14-годишниот Нејмар дошол на проба во „кралскиот“ клуб и одиграл неколку натпревари за кадетскиот тим, а челните лица на „кралскиот“ клуб биле задоволни од него.

За да може да настапи на тие утакмици, Нејмар морал да биде регистриран во Реал, во Фудбалскиот Сојуз на Мадрид, а весникот „Ас“ го пронајде тој документ.

Нејмар требало да остане во Мадрид, но челниците на Реал во последен час одбиле да платат 60,000 евра, колку што барал неговиот татко.

Мадрид во последните две години се обидуваше да ја поправи оваа грешка, но на крајот, Бразилецот замина во Барселона, трансфер вреден 57 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП