2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден лек за слабеење и регулирање на шеќерот во крвта

Природен лек за слабеење и регулирање на шеќерот во крвта

Направете ароматичен напиток од цимет кој ќе ви помогне во слабеењето и ќе ви го подобри здравјето.

Домашниот препарат од цимет и каранфилче може да го подобри вашето здравје и да биде корисен сојузник во борбата против килограмите.

Циметот ја збогатува трпезата со заводливата арома, но исто така е и многу здрав. Тој има способност да го регулира нивото на шеќерот во крвта, делува против габичните инфекции, ја намалува надуеноста и е моќен антиоксидант.

Ниту каранфилчето не заостанува многу кога станува збор за лековитите својства. Овој зачин помага при ослободувањето на телото од токсини, ја ублажува забоболката и влијае поволно на здравјето на срцето.

Состојки:

  • 2 стапчиња цимет
  • 30 гр каранфилче
  • 5 литри вода

Циметот и каранфилчето ставете ги во водата и оставете го овој напиток да стои во фрижидер 4-5 дена.

Земајте по 1 децилитар од напитокот (можете да го процедите пред консумирање) наутро на празен стомак.

Кога ќе ви останат само 4 децилитри од напитокот, направете нова доза. По пиењето на 3 вакви дози од напитокот, направете пауза од 15 дена и по потреба повторно повторете го третманот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП