1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлмас бара поголема минутажа во Наполи, а Фиорентина и Валенсија ја чекаат...

Елмас бара поголема минутажа во Наполи, а Фиорентина и Валенсија ја чекаат разврската

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас бара гаранции дека следната сезона ќе биде стандарен првотимец на Наполи. Во спротивно, би можел и да прифати една од понудите за трансфер, откриваат медиумите во Италија.

Во последниот период, Фиорентина и Валенсија се клубовите кои најмногу се интересираат за неговите услуги.

Минатата сезона Елмас одигра голем број натпревари, но многу често стартуваше од клупата за резерви. Тој смета дека во претстојната сезона треба да се изгради како стандарден првотимец на Наполи.

Елмас побарал од тренерот Лучијано Спалети и раководството на Наполи одредени гаранции дека неговата кариера ќе се развива во посакувана насока на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП