19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е „HTC Desire 22 Pro“ – смартфон за метаверзумот (ВИДЕО)

Ова е „HTC Desire 22 Pro“ – смартфон за метаверзумот (ВИДЕО)

Веќе неколку години „HTC“ нема издадено силен конкурент во врвната класа на паметни телефони.

Сепак, компанијата продолжува да прави напори во развојот на смартфоните.

Денеска беше објавен „HTC Desire 22 Pro“ – наследникот на минатогодишниот „HTC Desire 21 Pro“. Ова е паметен телефон за т.н. метаверзум, пишува „The Verge“.

Во Велика Британија, уредот ќе се продава за речиси 400 фунти. Дизајниран е да биде „совршен придружник“ за неодамна објавените слушалки „Vive Flow VR“ и да се користи за пристап до „Viverse“ – метаверзумот на „HTC“.

Слушалките, инаку, се дизајнирани да работат со кој било телефон со „Android“, бидејќи во оваа фаза не се јасни предностите на „Desire 22 Pro“.

Генерално, карактеристиките на паметниот телефон се просечни. Има 6,6-инчен дисплеј со резолуција од 1080p и стапка на освежување од 120 Hz. Во горниот лев агол има слот за селфи камера од 32 мегапиксели. Задниот панел има три камери – главна 64 мегапиксели, ултра широко аголна од 13 мегапиксели и сензор за длабочина од 5 мегапиксели.

„Desire 22 Pro“ е базиран на процесорот „Snapdragon 695“, заедно со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Батеријата има капацитет од 4.520 mAh.

Поддржано е безжично и реверзибилно безжично полнење. Оперативниот систем е „Android 12“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП