Садио Мане потпиша за Баерн Минхен и во претстојната сезона ќе заработи 19,8 милиони евра бруто, со што ќе биде втор најплатен играч во тимот зад Роберт Левандовски. Ако Полјакот си замине, тогаш и најдоброплатен фудбалер во составот на Нагелсман.
Ова може да доведе во мало незадоволство во соблекувалната на Баерн Минхен, со оглед дека Мане ги „прескокна“ Мануел Нојер и Томас Милер, но прави уште поголема неволја за Ливерпул.

