Првите двајца носители на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал покажаа дека се подготвени за настапот на најпрестижниот гренд слем со лесни победи на егзибицискиот турнир во Хурлингем и покрај тоа што двајцата решија да паузираат од АТП турнејата по крајот на Франција опен.
Ѓоковиќ, кој стана прв носител на турнирот откако Данил Медведев доби забрана за настап на Вимблдон поради тоа што Русин, а Александер Зверев е повреден, го „збриша“ младиот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим со 6:2/6:1 за нешто повеќе од еден час игра, покажувајќи дека е мотивиран за одбрана на круната од Лондон.

