понеделник, 27 јуни 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕСпоред кардиолозите ова овошје е најлошо за срцето: Сите мислевме дека е...

Според кардиолозите ова овошје е најлошо за срцето: Сите мислевме дека е здраво, но погрешивме!

На секои 43 секунди некој добива срцев удар. Тоа се случува кога протокот на крв, кој носи кислород до срцевиот мускул, е сериозно намален или целосно прекинат.

Артериите кои го снабдуваат срцето со крв може полека да се стеснуваат поради насобраните масти и затоа исхраната е од клучно значење. Овошјето е добро за целокупниот имунитет бидејќи е богато со витамини и растителни влакна. Сепак, некои видови овошје минуваат низ процеси кои ги лишуваат од значителни придобивки. Важно е да се напомене дека сувото овошје е исклучително хранливо.

Едно парче сушено овошје содржи приближно исто количество хранливи материи како свежото овошје, но згуснато во многу помала форма. Истражувањата покажуваат дека консумирањето суво грозје може да го намали крвниот притисок, да ја подобри контролата на шеќерот во крвта, да го намали холестеролот и да обезбеди чувство на ситост.

Британските лекари предупредуваат дека сувото овошје треба да се јаде со главниот оброк, а не како ужина. Сепак, содржи и многу шеќер и калории, а може да предизвика проблеми кога се внесува прекумерно.

За да биде некое суво овошје уште послатко и попривлечно, често се мачка со шеќер или сируп пред да се исуши. Сувото овошје со додаден шеќер се нарекува и кандирано овошје, а сите видови овошја можат да бидат зашеќерени. На пример, често нѐ заведуваат дека јаболката се здрави дури и кога ги зашеќеруваме, иако е докажано дека додадениот шеќер е штетен за здравјето, го зголемува ризикот од дебелина, срцеви заболувања, па дури и рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП